
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денес изјави дека Франција во моментов не е во ситуација во која би била потребна интервенција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но оцени дека секоја закана за пад на владата во еврозоната е „загрижувачка“.
Во разговор за француската радио станица Радио Класик, Лагард нагласи дека фискалната дисциплина останува од клучно значење за Франција и додаде дека внимателно ги следи движењата во распонот на приносите од француските обврзници, објави Ројтерс.
Опозиционите партии во Франција објавија дека ќе се обидат да ја соборат малцинската влада на гласање за доверба закажано за 8 септември, кое премиерот Франсоа Баиро неочекувано го објави минатата недела.