Лагард номинирана за уште еден мандат на чело на ММФ

17

kristin lagard mmf

Кристин Лагард е номинирана за уште еден мандат на чело на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пишува BBC.

Поранешната министерка за финансии на Франција била единствената номинирана за оваа позиција. Лагард ја доби поддршката за кандидирање за уште еден мандат од Германија, Велика Британија, Кина и Франција.

“Рокот за поднесување на номинациите за позицијата директор на ММФ беше до 10-ти февруари“, изјави Алексеј Можин од извршниот одбор на ММФ, кој додаде дека досега е примена една номинација и тоа на актуелната директорка на ММФ.

Лагард на претседателката позиција е од 2011 година, кога стана првата жена на чело на ММФ. Нејзиниот мандат истекува во јули оваа година, а во јануари таа најави дека ќе се кандидира за уште еден петгодишен мандат на чело на оваа финансиска институција.