Целта на Европската централна банка (ЕЦБ) се чини остварлива, рече претседателката Кристин Лагард.
Таа посочи дека на повидок е целта на Европската централна банка за два отсто инфлација.
– Постигнавме значителен напредок во 2024 година во намалувањето на инфлацијата и се надеваме дека 2025 година ќе биде година кога ќе ја достигнеме целта онака како што се очекува и како што е планирано во нашата стратегија. Ќе продолжиме со напорите инфлацијата да се стабилизира на одржливо ниво на среднорочна цел од два отсто – објави таа на платформата Х.
Растот на потрошувачките цени во еврозоната забави во текот на изминатата година и падна под целта на ЕЦБ во септември, иако се врати во последните месеци, при што Лагард предупреди на краткорочна нестабилност.
Сепак, тоа забавување им овозможи на креаторите на политиката да ги намалат каматните стапки четири пати, а економистите предвидуваат уште четири намалувања до јуни.
2024 was an eventful year, and 2025 promises to be just as exciting.
I wish you all a Happy New Year! pic.twitter.com/uFzMoQ23iB
— Christine Lagarde (@Lagarde) January 1, 2025