Лагард: Развојот на економијата на еврозоната зависи од ситуацијата во Украина

62

Руската инвазија има значително влијание врз економијата на еврозоната, а нејзиниот развој ќе зависи од тоа како ќе се развива конфликтот во иднина, изјави шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард.

„Ова влијае на економијата во Европа и пошироко. Конфликтите и несигурноста поврзана со нив, ја поткопуваат довербата на бизнисите и потрошувачите“, рече таа.

„Економскиот развој во голема мера ќе зависи од развојот на конфликтот, влијанието на постоечките санкции и можните дополнителни мерки“, потенцираше шефицата на ЕЦБ.