Лагард: Ревизија во јануари за Грција

34

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард ја поздрави поддршката на еврозоната за грчкото откупување на јавниот долг и најави дека на почетокот од следната година ММФ треба да ја заврши ревизијата на сопствениот пакет помош за Грција.

“Ја поздравувам одлуката на еврогрупата да ја поддржи грчката операција за откуп на јавниот долг и нејзините уверувања дека ќе го намали товарот на долгот на земјата, ако тоа биде потребно за Грција да постигне баланс на примарниот буџет во 2013 година”, се наведува во соопштението на Лагард.

Вчера министрите за финансии од еврозоната одобрија Атина да добие 34,3 милијарди евра во наредните денови. За Грција ќе бидат одделени 49,1 милијарди евра финансиска помош. Првата транша ќе ја добие сега, а останатиот дел во првото тримесечје на 2013 година.