Лагард: Се приближуваме до целта од два отсто инфлација!

21

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард денеска оцени дека еврозоната се приближува до целта од два отсто по напредокот во борбата против инфлацијата.

„Очигледно е дека монетарната политика почна да работи на намалување на инфлацијата. Тоа се гледа од кредитните бројки и каматните стапки, а граѓаните го знаат тоа, како и од висината на кредитите кои се во пад, како и од побарувачката на фирмите за кредити“, вели таа во интервју за Парискиот весник „Фигаро“.

Таа додаде дека тоа се гледа и во економијата, во недвижностите и инвестициите.

Говорејќи за шпекулациите дека ќе има пауза во зголемувањето на каматите од септември, претседателот на ЕЦБ беше нејасна, велејќи дека „можеби ќе има уште едно зголемување на каматните стапки или можеби пауза“.

– Паузата, без разлика на датумот, во септември или подоцна, не мора да биде дефинитивна, рече таа и потсети дека бара „одржливо намалување на инфлацијата до целта – до два отсто.

Растот на цените сигурно е забавен во последните месеци, додека ЕЦБ постојано ги зголемуваше каматните стапки за да ја забави инфлацијата, која во јуни во еврозоната изнесуваше 5,5 отсто на годишно ниво.