Лагард: Закрепнување на економиите под ризик од новите соеви на коронавирусот

24

Економијата на еврозоната може со сигурност да го избегне најпесимистичкото сценарио што беше предвидено на почетокот на пандемијата, но и понатаму се соочува со ризици од мутации на коронавирусот, изјави претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.

Според нејзе, подобрените економски изгледи, што се потпираат на забрзаната вакцинација, ја намалија веројатноста за остварување на најлошото сценарио, пренесува Ројтерс.

Додала дека “закрепнувањето што е започнато се соочува со неизвесности, меѓу кои и ширење на мутирани соеви од вирусот“.

Лагард имала свое обраќање пред Европскиот парламент како претседателка на Европскиот одбор за системски ризици, што претставува надзорен орган на Европската унија за финансиска стабилност.

Фото: Facebook