Лагард: Закрепнувањето на еврозоната е крајно нетипично

17

Економијата на еврозоната не излезе целосно од кризата предизвикана од пандемијата и нејзиното закрепнување е крајно нетипично, со брз раст на активностите, но и тесни грла во синџирите на снабдување и инфлација, рече претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард.

“Економијата се оддалечи од границата, но опасноста не помина. По многу невообичаена криза, еврозоната бележи екстремно нетипично закрепнување”, рече Лагард на почетокот на годишната онлајн конференција на ЕЦБ.

Атипичното закрепнување, како што изјави таа, води кон брз раст, но и до тесни грла во снабдувањето, кои се појавуваат невообичаено рано во економскиот циклус, пренесува Хина.

“Исто така, предизвикува брзо закрепнување на инфлацијата со повторно отворање на економијата“, рече Лагард.