Калифорнискиот салон за убавина Images Luxury Nail Lounge го претстави најскапиот лак за нокти во светот Gold rush од Models Own.
Цената за едно шишенце е 130.000 долари или колку еден нов автомобил, пишува Pursuitist. Екстремно високата сума се должи на тоа што неговото пакување е декорирано со повеќе од 1.000 вистински дијаманти. Златниот лак е толку ексклузивен што единственото место каде може да се купи е луксузниот салон во Оринџ Каунти.
Според менаџерот на салонот Тони Нгујен, кој е познат по третманите за нокти од 25.000 долари, златната боја и дијамантскиот сјај на лакот Gold rush ги прави ноктите како да се вистинско мало богатство.