Ламба што дава светлина во “замена” за смартфон

75

offline_lamp-166Клеменс Шилингер, дизајнер од Виена, создаде ламба што свети само кога корисникот ќе ѝ го “остави“ паметниот телефон, пишува Designboom. Станува збор за интересен дизајн и замисла – ламбата изгледа сосем обично со исклучок на долниот дел каде што има кутија во којашто треба да се остави телефонот доколку корисникот сака да добие малку светлина.

offline_lamp-167

Штом уредот е внатре, Offline ламбата свети за сметка на неколку часа поминати без пораки, разговори, пребарување на интернет. Со тоа дизајнерот повикува на поинаква активност, на пример читање на книга, што многу поретко се случува во денешното технолошко секојдневие.

Кутијата внатре е обложена со син мек материјал и изгледа како магичен ковчег.

offline_lamp-199

Фото: Klemens Schillinger