Ламборџини прави и мед – Кој го добива слаткиот нектар?

110

Италијанскиот производител на спортски автомобили Ламборџини, најпознат по своите суперавтомобили, има и некои други споредни бизниси и производи.

Оваа позната италијанска компанија произведува и мед, но тој не е достапен за продажба.

Lamborghini постави пчеларник со околу 600.000 пчели во својот парк уште во 2016 година, пренесува порталот motor1.

Секоја година компанијата произведува 430 килограми мед, кои потоа им ги дава на своите вработени за Божиќ.