Lamborghini ќе ја покаже новата верзија на Huracan

66

Lamborghini за една недела ќе покаже нова верзија на Huracan, која се очекува да го носи името Tecnica. Тизерот објавен од компанијата покажува дека автомобилот ќе биде придвижуван од V10 мотор – најверојатно повторно 5,2-литарски атмосферски мотор што го користи Huracan од лансирањето на моделот во 2014 година.

Се претпоставува дека станува збор за побрза и помоќна верзија на Huracan, чие производство ќе заврши следната година. Lamborghini веќе потврди две финални верзии на моделот, кои се планирани како дел од програмата што „треба да стави крај на ерата на мотори со внатрешно согорување“, а потоа и „хибридизација“ на моделската гама.

Втората и последна верзија на Huracan треба да биде off-road верзијата на моделот, наречена Huracan Sterrato, со истото име беше прикажан и прототипот, кој се појави во 2019 година.

Но, Tecnica ќе биде интересен предлог доколку се остварат очекувањата дека повеќе е „гранд туринг“ верзија на Huracan STO. Tecnica речиси сигурно ќе ја добие верзијата со 640 коњски сили на 5,2-литарскиот V10 од STO и некои важни додатоци: промени на суспензијата и шасијата, плус карбон-керамички сопирачки како стандард, а моторот ќе ги движи задните тркала.

Визуелно, Tecnica се очекува да биде позиционирана помеѓу стандардниот Huracan и STO, односно без агресијата, типична за STO.