Ламер: Европската комисија воведува дополнителна флексибилност и поддршка за земјите членки за примената на ЕЕС

Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламер, денес на редовната прес-конференција изјави дека Комисијата воведува дополнителна флексибилност и поддршка на членките на ЕУ во спроведувањето на системот EES со цел да се ублажат, како што изјави, привремените застои на границите.

Ламер, исто така, изјави дека ЕУ веќе работи со земјите-членки за решавање на оперативните проблеми, вклучувајќи го недостигот на персонал и потребата од повеќе техничка опрема на граничните премини.

Тој најави дека утре најверојатно ќе има состанок со претставници на воздухопловната индустрија на техничко ниво за да се разговара за сите предизвици на овој систем.