Lamzac Hangout е уникатна и иновативна лежалка произведена во Холандија.
Станува збор за пластична воздушна вреќа, којашто се поставува многу лесно. Потребно е да се отвори отворот на крајот на вреќата и со неколку потези да се наполни со воздух. Кога е полна, потребно е да се врзе неколку пати и да се затвори со патент.
Lamzac е направена од издржлив материјал и може да издржи тежина од 180 килограми.
Оваа едноставна лежалка, којашто може да се постави на било кое место и површина, чини околу 65 евра.