Land Rover со автоматски менувач со девет брзини

26

9-Speed-Land-Rover-623x389Land Rover следната недела на Женева Мотор Шоу 2013 ќе ја прикаже својата иновација, првиот девет-брзински автоматски менувач во светот.

Станува збор за заеднички проект на овој автомобилски бренд и компанијата ZF кој се однесува на производство на новиот девет-брзински автоматски менувач. Новиот технолошки производ ќе се нарекува ZF 9HP и ќе биде со помали димензии, и покрај дополнителните брзини.

“Многу сме возбудени поради ZF 9HP кој е прилагоден на уникатните атрибути на нашите возила. Тој ќе го подигне нивото на перформанси, префинетост и ефикасност, дополнително зајакнувајќи ги способностите од светска класа на Land Rover”, изјави бренд директорот на компанијата, Џон Едвардс.

Примената на овој менувач би требало да придонесе за помала потрошувачка на гориво и намалена емисија на штетни гасови.

Девет брзини во возењето ќе значат подобро забрзување, поквалитетен и пократок пренос од една во друга брзина, што сигурно ќе придонесе за поголемо уживање во патувањето, велат од оваа компанија.

1

9-Speed-Land-Rover-623x389 2

3

4

Image converted using ifftoany