Лани бесправно биле изградени 780 објекти

15

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2023 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 780 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 172 објекти за домување1) (22.1 %), 134 доградби, надградби и адаптации (17.2 %), 62 деловни објекти (7.9 %), 33 гаражи (4.2 %), 160 огради (20.5 %), 3 скалила (0.4 %), 12 тераси (1.5 %), 9 летни тераси (1.2 %), 63 натстрешници (8.1 %), 54 времени објекти (6.9 %) и 78 помошни објекти (10.0 %).

Најголем број бесправно изградени објекти (93.1 %) се во приватна сопственост.