Лани од извоз на лекови земјава заработи 103,7 милиони долари

73

Извозот на лекови лани достигна ниво од 392,9 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем удел на глобално ниво од 14,5% има Германија со 56,9 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на лекови во светот се и: Швајцарија (47,8 милијарди долари), Холандија (31 милијарда долари), Белгија (29 милијарди долари) и Франција (26,6 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија (16-та) со извоз од нешто над пет милијарди долари. Потоа следуваат: Грција (две милијарди долари), Бугарија (една милијарда долари), Хрватска (690 милиони долари) и Србија (281 милион долари).

Извозот на лекови од Македонија достигна вредност од 103,7 милиони долари, со што земјава се позиционираше на 63-та позиција во светски рамки.

Фото: Pixabay