Лани потрошени 9,6 милијарди денари за градежни материјали и енергија

30

Според податоците на Државниот завод за статистика, деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност, во 2019 година, потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.626.157.000 денари, што е за 5% повеќе во однос на претходната година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3.628.819.000 денари (37,7%), потоа следат групите Потрошено гориво со 1.225.327.000 денари (12,7%), Изолациски материјали и премази со 1.167.994.000 денари (12,1 %) итн.

Фото: Freepik