Лани се граделе 2.665 објекти, а завршени се 3.235 станови

36
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 32.470.968 илјади денари. Од нив, 13.004.936 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.
Во текот на 2021 година се градени вкупно 2.665 објекти, а завршени се 3.235 станови со вкупна површина од 211.252 м2, од кои 3.099 се во индивидуална сопственост.
Просечната корисна површина на завршените станови е 65.3 м2.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Југозападниот, Пелагонискиот, итн.