Македонија е 75-та во светски рамки по извоз на стакло и стаклени производи, чија вредност минатата година достигна 18.265.000 долари или 11% повеќе во однос на 2019 година.
На глобално ниво, извозот на стакло и производи од стакло беше 73,2 милијарди долари во 2020 година, што е за 4,5% помалку во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Петте најголеми извозници на стакло (Кина, Германија, САД, Хонгконг и Франција) опфатија околу 49,5% од вкупниот извоз во 2020 година.
Кина е лидер со извоз на стакло и производи од стакло во висина од 18,3 милијарди долари. Потоа следат: Германија (6,6 милијарди долари), САД (4,9 милијарди долари), Хонгконг (3,2 милијарди долари), Франција (три милијарди долари), Јапонија (2,9 милијарди долари), Италија (2,5 милијарди долари), Полска (2,1 милијарда долари), Јужна Кореја (1,9 милијарди долари), Белгија (1,9 милијарди долари)…
Од земјите во регионот најголем извозник на стакло е Бугарија со 550,4 милиони долари. Потоа следат: Хрватска (208,6 милиони долари), Словенија (206,1 милион долари), Србија (84 милиони долари), Грција (38 милиони долари), Босна и Херцеговина (21,7 милиони долари) и Албанија (2,6 милиони долари).
Фото: Pexels