Лансиран електричниот Avatr 011

90

Соработката помеѓу Changan, Huawei и CATL создаде бренд за производство на електрични автомобили, кој првпат го претстави концептот на електричниот кросовер Avatr 11 во ноември минатата година.

Во април оваа година беше претставен серискиот модел, наречен Avatr 011, додека сега неговата продажба конечно и официјално започна во Кина.

Avatr 011 е базиран на платформата CHN, а во однос на димензиите автомобилот е долг 4880 мм, широк 1970 мм, висок 1601 мм и има меѓуоскино растојание од 2975 мм.

За погонот се грижат два електромотори со вкупно 578 КС и 650 Nm, додека батериите се 90,38 kWh и 116,79 kWh.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,98 секунди, а максималната брзина е ограничена на 200 км/ч.

Верзијата со батерии од 90,38 kWh има домет од 555 км, а со батерии од 116,79 kWh може да помине 680 км.

Avatr 11 може да се има во верзии со четири или пет седишта, 10,25-инчен дигитален инструмент табла, 15,6-инчен инфозабавен екран и аудио систем со 14 звучници.

Цените на Avatar 11 во Кина започнуваат од 349.900 јуани (50.800 евра), додека најскапиот чини 409.900 јуани (59.510 евра).