Лас Вегас ќе добие дигитален близнак

61

Голем дел од центарот на Лас Вегас ќе има свој дигитален близнак. Сепак, ова не е обид да се пресоздаде иконскиот град на коцкање во виртуелната реалност, туку проект да се претвори во јаглерод-неутрален град.

Проектот има за цел да ја подобри мобилноста, да го подобри квалитетот на воздухот, да го намали загадувањето од бучава, да го подобри управувањето со водите и да ги намали емисиите на јаглерод од големите згради. Крајната цел е Лас Вегас да нема јаглерод, објави Inbuildingtech.

Како дел од оваа иницијатива, ќе се користи напредна 5G мрежа, IoT и технологија за т.н „дигитални дупликати“ – виртуелни модели на комплексни системи, вкл. цели градови, големи индустриски претпријатија итн. Дигиталните близнаци ви овозможуваат да експериментирате со различни мерки користејќи влез во реално време за да видите кои мерки и пристапи се најефикасни и какви несакани ефекти имаат.

„Дигиталните близнаци стануваат витални за начинот на водење на градовите“, објасни директорот за технологија и иновации на Градот Лас Вегас, Мајкл Шервуд. „Сега во Лас Вегас, ќе имаме дигитален близнак во градска скала, кој се напојува од физичката средина и на крајот ни овозможува да ги контролираме клучните системи. Ова ќе ни даде нови нивоа на разбирање на податоците и процесите – и контрола во корист на градските планери, жителите и бизнисите“, истакна тој.

Големиот експеримент е дел од иницијативата „Чисти градови – чиста иднина“. Лас Вегас е вториот град кој учествува во неа, по Њујорк.

„Убедени сме дека овој проект ќе ја покаже комбинираната моќ на технологиите на дигиталните близнаци и IoT, кои работат заедно за да ја трансформираат мобилноста, проодноста и емисиите / загадувањето на воздухот“, рече Мајкл Јансен, извршен директор на Cityzenith, еден од изведувачите на проектот.

„Меѓу многуте цели што ги поставивме е да покажеме како проектот „Las Vegas Digital Twin“ ќе им помогне на локалните сопственици на згради од сите големини драстично да ги намалат оперативните трошоци и емисиите на јаглерод за мала или никаква инвестиција“, рече Јансен.