Laserlight Core – ласерска светилка за безбедно возење со велосипед

44

Laserlight Core е ласерска светилка што му овозможува на велосипедистот поголема видливост во ноќни услови, а истовремено ги штити како учесник во сообраќајот.

Со помош на патентирана технологија светилката проектира зелена светлина во облик на велосипед на патот (шест метри пред велосипедистот) и со тоа им сигнализира на возилата да внимаваат.

Според направените истражувања видливоста со помош на Laserlight  е зголемена за 32%.

Светилката е отпорна на секакви временски услови, безбедно се користи и при ветер и при дожд. Се полни со микро USB и елиминира употреба на кабли.

Laserlight Core тежи 100 заедно со прицврстувачот, а 91 без него. Долга е 10,6 cm, широка 3,3 cm а кога е поставена висината и изнесува 3,9 cm. Се лепи со силоконски држач и работи на on-off механизам.

Производот е дело на старт-ап од Лондон и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 55.460, а првично побарале 50.000 долари. Кампањата трае уште 32 дена а првите испораки се очекуваат да бидат во декември.