Лашет го поддржа Северен тек 2

7

Кандидатот за канцелар на владејачката ЦДУ / ЦСУ, Армин Лашет, се изјасни во корист на гасоводот Северен тек 2.

“Потребен ни е овој економски проект, бидејќи кога напуштаме многу извори на енергија, потребен ни е гас“, објасни тој во синоќешниот ТВ дуел на кандидатите.

Лашет нагласи дека за него е важно да почитува се што било договорено од актуелната влада.

Во исто време, тој вели дека постои геополитичка гаранција дека Украина нема да ги трпи последици и најави дека, доколку Русија го доведе во прашање тоа, Германија ќе го суспендира проектот.

Претходно, кандидатката на Зелените, Аналена Баербок, побара од германската влада да ја запре изградбата на „Северен тек 2“ и да заземе потежок курс кон Русија.