Лажно означени морски плодови се честа појава во светот

50

Вкупно 44 анализи на пазари на морски плодови, коишто опфатиле повеќе од 9.000 примероци од ресторани, рибарници и супермаркети во над 30 земји, откриле дека дури 36% од производите не се точно означени, што значи дека се прави глобална измама на потрошувачите, пишува Гардијан.

Во бројни студии се користени релативно нови техники на анализа на ДНК. Научниците откриела дека на тестирани примероци од риба во супермаркети и ресторани во Канада, САД, Велика Британија, Сингапур, Австралија и Нов Зеланд воопшто не станува збор за рибата зубатац, како што пишува на етикетата.

Според студијата, највисоката стапка на лажни ознаки на морски плодови има во Британија и Канада со 55%, а следни се САД со 38%.

Научниците откриле дека од 130 примероци на филети од ајкула купени на италијански пазари и во рибарници дури 45% им припаѓале на евтини и непопуларни видови на морски кучиња од оние кои италијанските потрошувачи најмногу ги ценат.

Околу 70% од примероците на наводна риба зубатац, во Велика Британија биле пронајдени дури 38 различни видови на риба.

Анализата покажала и дека еден од три ресторани имале неточно мени со морски плодови, а највисока стапка од 40 до 50% имаат Шпанија, Исланд, Финска и Германија.

Фото: Pexels