Најбрзо растечкиот турски бренд и лидер во текстилната индустрија, LC Waikiki, денес во Скопје Сити Мол ја отвора својата прва продавница во Македонија, која се простира на површина од 1.100 метри квадратни.
LC Waikiki планира да отвори серија продавници во Македонија и во соседните земји, давајќи предност на земјите околу Турција.
“Македонија е возбудлива бизнис можност за LC Waikiki. Во пресрет на лансирањето на LC Waikiki во Скопје добивме позитивни одговори за тоа дека во оваа земја брендовите се силно прифатени. Ние сме многу задоволни што, конечно, имаме можност директно да се грижиме за нашите потрошувачи во Скопје. Мисијата на LC Waikiki е да обезбеди квалитетна, стилизирана облека и модни додатоци за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња по пристапни цени под брендот на LC Waikiki, изразени преку мотото на нашата компанија Секој заслужува да се облече добро”, вели Јенал Гокјилидрим, менаџер на LC Waikiki International Retail.
LC Waikiki е турска приватна компанија основана во 1985 година во Франција. Компанијата моментално има 380 продавници низ Турција и повеќе од 60 продавници во светот. Профитот на LC Waikiki во 2012 година изнесува две милијарди долари.
Освен франшизата за Саудиска Арабија и Иран, сите LC Waikiki продавници се во сопственост на компанијата. LC Waikiki има продавници во Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Грузија, Иран, Ирак, Казахстан, Косово, Мароко, Полска, Романија, Русија, Саудиска Арабија, Сирија и Украина.