Ле Мер:Не дозволувајте енергетска доминација на САД додека ЕУ страда

90

На САД не треба да им се дозволи да доминираат на глобалниот енергетски пазар додека ЕУ ги трпи последиците од конфликтот во Украина, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

„Конфликтот во Украина не смее да заврши со американска економска доминација и слабеење на ЕУ“, изјави тој во понеделникот во францускиот парламент, пренесува Танјуг.
Ле Мер оцени дека е неприфатливо Вашингтон да го „продава својот течен гас по четири пати поголема од цената што им е одредена на американските индустријалци“, додавајќи дека „економското слабеење на Европа не е во ничиј интерес“.