Ле Мер: Предизвик е да се добијат енергенси, а да не доаѓаат од Русија

80

Франција треба да се фокусира на решавање на претстојниот предизвик во енергетскиот сектор како што се приближува зимата, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер на прашањето за потенцијалната изградба на нов гасовод преку Пиринеите.

„Во наредниот период предизвикот е да добиеме повеќе гас, нафта и струја од други земји освен од Русија. Значи, зборуваме за периодот во следните неколку месеци, недели, дури и денови. Не сум сигурен дека нов гасоводот би ни помогнал да ја пребродиме зимата. Да се ​​фокусираме на предизвиците што претстојат“, рече Ле Мер на бизнис форумот Амброзети во северна Италија, пренесе Ројтерс.

Тој изјавил дека потпирањето на електрична енергија и водород му изгледа многу поперспективно од гасоводот.

Шпанскиот министер за енергетика Алваро Надал оваа недела го критикуваше одбивањето на Франција да го поддржи проектот за изградба на трет гасовод меѓу двете земји за да се намали влијанието на рускиот гас врз Европа, пренесува медиумот.