Leano – практична, едноставна и пренослива столица

102

leano

Leano е практична, едноставна и пренослива столица, дизајнирана од словенечкиот дизајнер Ник Лорбег, пишува порталот Designboom.com.

leano 2

Станува збор за рачно изработена столица, за која се користени природни материјали, како што се буково дрво и ткаенини.

leano 1

Leano е совршена столица за кампување, летен одмор, прошетка во природа или како задолжителен предмет за настани и фестивали на отворено.

leanno 5

Оваа столица на расклопување тежи само половина килограм, долга е 49 сантиметри, а корисниците може да ја добијат во три бои.

leano 3

На платформата за групно финансирање, Kickstarter, досега Leano собра 5.414 долари од 132 инвеститори.