Лебедев ја продаде Red Wings за една рубља

22

red wingsРускиот милијардер Александар Лебедев ја продаде авиокомпанијата Red Wings по цена од една рубља. На оваа компанија и беше одземена дозволата за летање, откако еден од Туполев авионите на 29 декември се урна при слетување во Москва и загинаа пет членови на екипажот.

“Ги потпишав сите документи за продажба на 100% капиталот на Red Wings на група инвеститори за една рубља, што е два евро центи”, напиша Лебедев на својот блог, без да го наведе идентитетот на купувачот.

“Сторив се што можев да ја спасам”, додава милијардерот, кој е косопственик на руската Novaya Gazeta. Неговиот син Евгениј Лебедев е сопственик на британските The Independent и Evening Standard.

Руските органи идентификуваа бројни прекршувања од страна на авиокомпанијата и оценија дека нема доволно финансиски средства за правилно да ја одржува флотата, па во февруари воведоа забрана за летање.

Red Wings има флота од осум TU-204 авиони од средна класа.