Лебот најскап во Македонија, најевтин во Србија (инфографик)

79

Цената на лебот во моментов е најскап во С.Македонија, додека најевтин е во соседна Србија, според информации на пекарските здруженија на земјите од Западен Балкан како и државните статистички служби.

Во земјава векна леб чини 0,81 евро (50 денари), додека во Србија е 0,42 евра.

Во Босна и Херцеговина лебот се продава за 0,79, додека во Црна Гора за 0,75 евра.

Што се однесува до процентот на зголемување на цената во однос на минатата година, тој е најголем во Црна Гора (за 50%) каде во моментов векна леб се купува за 0,75 евра, додека најмало е зголемувањето во Албанија (за 20%). Во Македонија лебот поскапел за 35% во однос на овој период минатата година.

Податоците се за периодот јули 2021 и 2022 година, додека за БиХ се за јуни.