Леброн Џејмс стана милијардер

73

Еден од најдобрите спортисти на денешницата, кошаркарската суперѕвезда Леброн Џејмс, стана милијардер. Тој е шестиот спортист во историјата што успеал во текот на кариерата да ја мине оваа магична граница.

Џејмс надмина милијарда долари заработка од неговата прва актерска улога во Space Jam: A New Legacy, кој започна да се прикажува во кината минатиот викенд. Иако доби лоши критики, филмот само во првиот викенд заработи 32 милиони долари.

Од влегувањето во НБА во 2003 година, Џејмс заработи 330 милиони долари од договори со НБА, а спонзорствата надвор од паркетот се проценуваат на околу 700 милиони долари. Некои од компаниите што ги рекламира Леброн се AT&T, Bits, Blaze Pizza, GMC, Nike, PepsiCo и Walmart.

Покрај Леброн Џејмс, најмалку милијарда долари во кариерaта заработиле Тајгер Вудс, Флојд Мејведер, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роџер Федерер.

Фото: Facebook