Ледена библиотека на желби во Сибир

2

ledena-biblioteka

Желби на 1.000 луѓе се врежани на огромни блокови од мраз во близина на брегот на Бајкалското езеро во Сибир, пишува BBC.

ledena-biblioteka-1

“Минатата година најавивме дека ќе создадеме библиотека и ги замоливме луѓето да ни ги испратат нивните желби и соништа. Првите 1.000 сугестии беа врежани на огромни блокови од мраз, коишто формираат лавиринт низ којшто посетителите може слободно да се движат“, вели Максим Хвостишков, задолжен за развој на локалниот туризам.

ledena-biblioteka-2

Ледената библиотека се протега на површина од 800 метри квадратни, а е сместена во скијачкиот ресорт во градот Бајкалск. Целта на оваа библиотека е регионот да стане дел од интернационалната туристичка мапа.