Легендарната Grupo Televisa заминува во историјата

26

Најголемата мексиканска медиумска куќа Grupo Televisa ќе се спои со американскиот радиодифузер Univision за да основа нова медиумска компанија на шпански јазик.

Новата компанија, наречена Televisa Univision, ќе ја пласира содржината на двата радиодифузери, вклучувајќи серии, филмови, спортови, теленовели и архивска содржина, пренесува Ројтерс.

Компанијата Televisa ја процени вредноста на нејзината актива на 4,8 милијарди долари.

Фото: Pixabay