Познатата Playboy вила, каде 89-годишниот Хју Хефнер го помина најголемиот дел од својот живот се продава по цена од 200 милиони долари, пишува Business Insider.
Основачот на списанието, кое прерасна во глобален бренд, не планира да се исели од куќата, па новите сопственици треба да се навикнат на неговото присуство.
Playboy вилата се наоѓа во Беверли Хилс, Калифорнија, а зафаќа површина од 1.850 метри квадратни.
Освен вилатa, којашто има 29 спални соби, имотот располага и со помала куќа за гости, како и прекрасни градини, домашно кино, вински подрум, играчница, тениско игралиште, сала за вежбање, приватна шума, базен и познатата пештера за вечерни забави на вода.