Претседателот и извршен директор на KFC (Kentucky Fried Chicken) во Јапонија го купи познатиот бел костум кој го носеше основачот на KFC, Харланд Сандерс (Colonel) на аукција за 21.510 долари.
Новиот сопственик Масао Ватанаби, покрај костумот купи уште неколку предмети кои припаѓале на Сандерс, вклучувајќи ја и неговата возачка дозвола од 1973 за 1.912 долари.
KFC се ланец ресторани за брза храна со седиште во Луисвил, Кентаки, САД, специлијаризирани за пржено пилешко месо. Kentucky Fried Chicken е вториот најголем ланец на ресторани веднаш по Мекдоналдс.
Харланд Сандерс, кој почна да продава пржено пилешко од неговиот попатен ресторан во Корбин, Кентаки, уште за време на Големата депресија, ја увиде можноста од добар бизнис и го отвори првиот ресторан од франшизата во 1952, во Јута.