Во „златното доба“ на споделување се и сешто, легално и нелегално преку торент, LimeWire беше еден од попознатите и користени клиенти. Лансиран во 2000 година, поддржа споделување датотеки преку gnutella и torrent протоколи и собра поголема заедница на корисници од целиот свет. Беше затворен во 2011 година, пред се поради правни прашања поврзани со прекршување на авторските права.
Сепак, оваа година се собра тим и реши да го оживее, но на сосема поинаков начин. Се чини дека од оригиналниот LimeWire ќе ги позајмат само името и логото, а се останато ќе биде сосема ново и поинакво. Имено, LimeWire треба да стане платформа за размена на незаменливи дигитални токени, NFT.
Ќе се фокусира на лансирање на пазар за дигитални токени фокусирани на музика, забава и уметничка содржина вредна за собирање. Нивниот прв потег ќе биде да започнат со продажба на сопствениот токен LMWR во приватна понуда, со која планираат да соберат средства за понатамошна работа. Тоа би требало да се случи следниот месец, а LimeWire Marketplace, каде што ќе биде можно да се купуваат и продаваат NFT, потоа би можел да биде лансиран во мај. LimeWire кон крајот на годината официјално ќе „зачекори“ и во филмската индустрија, најавуваат на својата веб-страница.
Секој кој би сакал да ги купи нивните токени и подоцна да тргува со NFT може во моментов да се регистрира на листа на чекање. Првите 10.000 претплатници ќе добијат бесплатни NFT токени на промоцијата на продавницата, велат иницијаторите на проектот за оживување на името LimeWire.