Легендарниот телефон Nokia 6310 се врати

109

Добро познатата “цигла“ се враќа во ново издание за да ја одбележи дваесетгодишнината од претставувањето на оригиналниот модел.

Компанијата HMD Global, ја објави достапноста на новиот телефон Nokia 6310.

Уредот доаѓа во оригиналната форма на телефонот Nokia 6310, со карактеристична батерија која може да трае со недели помеѓу две полнења, издржливо куќиште и класичната игра Snake од 90-тите.

Nokia 6310 доаѓа со суптилни промени како модерни функции, вклучувајќи поголеми копчиња, зголемено мени и FM радио. Новиот телефон е редизајниран, со поголеми копчиња и екран. Има силно куќиште од поликарбонат, според компанијата, доволно силно за да ги издржи предизвиците на секојдневната употреба.

Адам Фергусон, директор за маркетинг на производи во HMD Global, рече: „Ние продолжуваме да го обезбедуваме тој препознатлив квалитет на градба кога станува збор за сите наши уреди, а сега телефонот Nokia 6310 се врати, и подобар од кога било досега“, рече Фергусон.