Легендарното Ferrari 410 Sport Spider оди на аукција

102

Фантастичниот тркачки Ferrari 410 Sport Spider by Scaglietti ќе биде продаден на аукција организирана од RM Sotheby’s во август.

Легендарниот Енцо Ферари го осмисли моделот 410 Sport Spider додека бараше начин да обезбеди титула во Светскиот шампионат за спортски автомобили во 1955 година. За да дојде до титулата мораше да направи автомобил кој може да биде добар на патеките, но и успешно да го заврши петдневното рели Карера Панамерикана низ Мексико.

За потребите на шампионатот дизајнираше е нова шасија 519/C заедно со тубуларна рамка, а инсталираше и 5.0-литарски V12 мотор кој развиваше 400 КС. Беа произведени само две копии од автомобилот, но релито Карера Панамерикана беше откажано, па автомобилите учествуваа на Светскиот шампионат за спортски автомобили во 1956 година.