Фото: Lego
Данската компанија Lego оваа година планира да промовира малку поинакви играчки, велат од компанијата. Брендот, овој пат, наместо веќе добро познатите лего коцки, изработи ботанички играчки како дрвја, лисја и грмушки од растителна пластика добиена од шеќерна трска.
Овој потег е дел од целта на Lego, да користи само одржливи материјали во нивните пакувања и основни производи до 2030 година.
Според заменик-претседателот на Lego групата за животна средина, Тим Брукс, полиетиленот базиран на растителни материјал ги поседува истите својства како и обичниот полиетилен, па затоа децата и родителите најверојатно нема да забележат разлика во изгледот и квалитетот на новите лего “коцки“.
Новите играчки во форма на дрвја, лисја и грмушки коишто се изработени од растителна пластика ќе придонесат за поздрава животна средина.