Лего гради нова фабрика вредна милијарда долари

Данскиот производител на играчки Лего, најави дека ќе изгради нова фабрика во Виетнам за да ја задоволи зголемената побарувачка за своите производи во Азија. Лего е познат по играчките и коцките, а во новата фабрика ќе инвестира повеќе од милијарда долари.

Новата фабрика ќе биде лоцирана во близина на главниот виетнамски бизнис центар наречен Хо Ши Мин Сити.

Ова ќе биде втора фабрика на данската компанија во Азија откако првпат беше отворена во Кина пред пет години. Лего бележи двоцифрен раст во регионот од 2019 година.