Lego House и Airbnb нудат бесплатно ноќевање за едно семејство во куќата од коцки

45

topbanner-red

Фото: Lego 

Познатата Lego House, што се наоѓа во данскиот град Билунд, заедно со Airbnb нуди бесплатно ноќевање за едно семејство, пишува Curbed.

Куќата, инаку дело на архитектот Бјерк Ингелс, е отворена минатиот месец по четиригодишна изградба. Зданието опфаќа простор од 12.000 метри квадратни, а составено е од 25 милиони лего коцки.

Гостите кои ќе имаат прилика да престојуваат во куќата ќе можат да направат тура низ целиот објект и да ја поминат ноќта на кревети што “лебдат“ над базени од Lego коцки под шарени Lego “водопади“.

Освен тоа, професионалец во правење на фигури од Lego коцки ќе им ги покаже најдобрите трикови, роботи ќе ги служат со јадење што ќе треба прво самите да го изградат. Ќе имаат прилика да режираат свој Lego филм, да изградат Lego град и друго.

Она што треба заинтересираните да го направат е да одговорат на прашањето “Ако вие и вашето семејство имате неограничен број на Lego коцки што ќе изградите?“ Натпреварот трае до 16-ти ноември, а секој може да одговара на следниов линк.