Фото: Pixabay
Данскиот производител на играчки, Lego склучи партнерство со кинескиот интернет гигант Tencent, со цел да креират онлајн игри и социјална мрежа за децата во Кина, јавува Reuters.
Партнерството треба да произведе безбедна онлајн содржина и платформи специјално наменети за најмладите корисници. Компаниите ќе креираат Lego видео зона за деца на видео платформа од Tencent, како и брендирани Lego игри.
Договорот, исто така, вклучува и Lego Boost – сет за кодирање и градење којшто ќе им овозможи на дечињата да ги претворат своите креации од коцки во предмети што се движат.