LEGO ќе им овозможи на децата со оштетен вид сами да ги составуваат коцките

99

Данската компанија LEGO ќе претстави аудио и инструкции со брајово писмо како дел од упатството за составување на коцките.

Со нивна помош децата со оштетен вид за прв пат ќе можат сами без асистенција да ги составуваат популарните коцки и да градат ремек дела.

Проектот е резултат на партнерство на LEGO фондацијата и австриски истражувачки институт за вештачка интелигенција. Институтот креираше специјален софтвер којшто ги “преведува“ инструкциите за градење на играчките.

Иницијативата е на 22 годишниот претприемач Метју Шифри, којшто и самиот има оштетен вид. Тој како голем љубител на LEGO коцки, заедно со неговата другарка Лилија, од својата 13 годишна возраст креирал инструкции за слепи деца.

Кон неговата благородна идеја веднаш се приклучила LEGO фондацијата.

Засега бесплатните инструкции ќе бидат достапни само на англиски јазик и на веб страната за аудио инструкции на LEGO, но компанијата планира во иднина да додаде повеќе јазици.

Фото: LEGO