Архитектонската фирма Hermann Kamte & Associates со седиште во Камерун, дизајнираше модуларен ресторан наречен Lego Lunch, за чија изградба беа искористени рециклирани контејнери. Ресторанот може да се постави било каде, а како прва локација е земена Сијаулаи, Литванија, пишува Inhabitat.
За да се изгради ресторанот, архитектите користат контејнери долги шест метри, поставени на место каде луѓето ќе можат да јадат и да се одморат за време на работната недела.
За поголема ефикасност и топлина, инсталирано е LED осветлување и дополнителна изолација.
Фото: Hermann Kamte & Associates