Lego најголем производител на играчки во светот

30

maxresdefaultLego, познат по своите уникатни коцки и фигури што се составуваат, го надмина Mattel, производителот на Barbie куклите и стана најголем производител на играчки во светот.

Во првите шест месеци од оваа година добивката на компанијата се искачи на 538 милиони долари, што е за 31% повеќе од минатата година.

Lego веќе неколку години остварува повеќе профит од своите ривали.

Оперативната добивка на компанијата во првите шест месеци годинава изнесува 700 милиони долари. За споредба, американскиот производител на играчките Трансформери и Монопол, Hasbro оствари добивка од 130 милиони, а Mattel загуба од 54 милиони долари.

Приватната компанија Lego е основана во 1932 година од страна на столарот Оле Кирк Кристјансен. Во 1934 го доби сегашното име, кратенка од данскиот збор leg godt, односно играј убаво.