
Данскиот Лего долго време е највредниот бренд во земјата, но неговата позиција сега е загрозена од Ново Нордиск, чии третмани за слабеење станаа глобален феномен на поп-културата.
Лего го задржа првото место во Данска деветта година по ред, според рангирањето на брендот на Brand Finance за 2024 година. Иако вредноста на брендот Лего порасна за само три отсто во изминатата година, достигнувајќи околу осум милијарди долари, вредноста на брендот Ново Нордиск зајакна за 59 отсто на 5,1 милијарди долари, наведува Блумберг.
„Доколку Novo Nordisk успешно управува со својот бренд и ја задоволи побарувачката за своите производи, би можел да го надмине Lego во рангирањето во 2025 година“, се вели во соопштението на консултантската компанија Brand Finance.
Ново Нордиск стана највредната компанија во Европа по пазарна вредност, благодарение на силната продажба на неговите лекови Оземпик и Вегови. Компанијата порасна толку многу што нејзиниот успех има мерливо влијание врз макроекономското ниво на Данска, влијаејќи на каматните стапки, валутата и нивото на вработеност.











