
Иако европската модна индустрија ја дочекаа тековната година со надеж дека продажбата во Кина ќе се зголеми по три години блокада и потрошувачката бум во САД по пандемијата, Stoxx Europe Luxury 10 индексот го забележа најголемиот пад од 2020 година.
Вредноста на акциите на 10 компании е намалена од март за околу 175 милијарди долари, пред сè поради бавниот раст на Кина, но и поради високата инфлација и растечките каматн стапки кои ги примораа американските купувачи да го стегнат ременот, пренесува Ројтерс.
Аналитичарите велат дека секторот за висока мода нагло ослабнал во последните два до три месеци, поради комбинацијата на зголемените каматни стапки, позиционирањето на инвеститорите и очекувањата за помала заработка. Иако индексот за луксуз „Big 10“ сè уште е во пораст за 20 проценти на годишно ниво, во третиот квартал се забележани најлошите перформанси во споредба со Stoxx 600, кој падна за 2,5 проценти.
Експертите укажуваат на зголемената загриженост за изгледите за луксузни трошоци во САД, Европа и Кина. Неодамнешниот пад на европските луксузни акции ја одразува неизвесноста за европската економија, како и нерамномерните изгледи за раст на кинеската економија.
Некогаш највредната европска компанија LVMH, под чие покровителство, меѓу другите, работат Луј Витон, Диор и Тифани и Ко. била симната од тронот, а нејзиното место го зазеде данската фабрика за лекови Ново Нордиск. Поместувањето на првото место дојде откако инвеститорите го загубија интересот за луксузните акции и огромниот продажен успех на данскиот лек за слабеење Wegovy.
Фото: Facebook











