Лекции од Кина за водење бизнис во услови на пандемија

133

Организацијата CEED Global организира Global leader talk lessons, чија цел ќе биде да се анализира влијанието на Ковид-19 врз бизнисот и што како поука може да се извлече од кинеските искуства.

Во Global leader talk lessons ќе учествува Хуан Фермин Родригез, основач и извршен директор на Kingo Energy, една од најновите инвестиции на SEAF. Тој ќе го сподели своето искуство за водење компанија, во услови на криза, којашто е зависна од добавувачи од Кина.

Инаку Хуан Фермин ја основаше компанијата Kingo Energy во 2013-та година. се работи за компанија што обезбедува енергија од обновливи извор. Компанијата забележа огромен раст во последните пет години.

Учесници на вебинарот ќе бидат и Џорџ Жанг, основач на Sichuan Investment Fund на SEAF и Берт ван дер Варт, основач и извршен директор на SEAF.

Џорџ Жанг е оперативен директор на Sichuan Investment Fund. Тој е одговорен за воспоставување, преговарање, имплементирање и следење на инвестициони договори. Тој ќе зборува за влијанието на Ковид-19 на бизнисите во Кина и ќе даде сопствен осврт за рестартирање на економијата.

Берт ван дер Варт, како главен извршен директор, се грижи за глобалните операции на SEAF. Тој е член на Глобалниот комитет за инвестиции на SEAF. Ќе се осврне на работата на компаниите во коишто инвестира SEAF и неговите искуства од регионот.

Сите заинтересирани за овој бесплатен вебинар, којшто ќе се одржи на 22-ри април во 15 часот по средноевропско време, може да се пријават на следниот линк.