Лекции што секој лидер треба да ги научи

190

Ако не сте ги научиле овие пет лекции, не можете да бидете лидер каков што следбениците заслужуваат.

Промена на нефункционалното

Тимот треба да биде проактивен, вклучен во задачите, да учи од обиди и да гледа како поуспешните работат. Еден добар лидер, не се води по “одредени норми“, отфрла се што нефункционира и создава систем на работа, скроен според мисијата на компанијата, но и вештините на тимот.

Поставување предизвикувачки, но реални цели

Ако поставувате цели коишто се реално тешко достижни, ставате огромен товар врз вработените, ризикувате незадоволство од негативен исход, а со тоа и неуспех. Целите треба да предизвикуваат, но да бидат остварливи, а лидерот да даде разумно време за нивно остварување.

Регрутирање на луѓе кои сакаат да учат

За еден лидер да биде успешен, а со тоа и неговиот бизнис, треба да има тим од амбициозни луѓе кои сакаат да учат нови работи. Ако вработените немаат желба да креираат подобра верзија од себе, нема ни многу да дадат за успех на самата компанија.

Еднаква можност на секој да се докаже

Лидерот мора на секој вработен да даде можност за личен развој и простор за докажување на своите квалитети. Тој треба да биде тука доколку на некој му е потребен ментор, несебично да му помага на секој член од тимот и да поттикнува креативност во секое време.

Внимателно со работниот “товар“

Ниеден лидер не сака добар вработен да го напушти поради притисок на работното место и преоптовареноста со работа. Треба внимателно да се идентификува кој од тимот колку може да сработи без ризик од “прегорување“, во спротивно добрите работници ќе бидат изгубени.

Фото: Pixabay